Цветановска нема да настапи на утрешната трка

1 min read

Иако требаше да биде прва македонска претставничка на 24. Зимски олимписки игри, Ана Цветановска, сепак нема да настапи на утрешната трка во Скијатлон на 7.5 плус 7.5 километри.

Причината е одлуката на Меѓународната скијачка федерација, која е единствена одговорна за спортскиот дел од програмата на Олимписките игри, да донесе конечна одлука дека само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка.

– Заради моменталната ситуација со ковид-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка (жени) на 7,5+7,5 км – Скијатлон, ФИС-Меѓународната скијачка федерација, која е единствена одговорна за спортскиот дел од програмата на Олимписките игри, донесе конечна одлука дека само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка во оваа дисциплина. За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните во оваа дисциплина, Ана Цветановска нема да може да настапи на оваа трка. Таа со нетрпение ја очекува својата трка на 10 км-класично, која на програмата е на 10 Февруари, со почеток во 08:00 часот по македонско време – соопшти Македонскиот олимписки комитет.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разговор со Ris Flower пред изборот на песна за Евровизија: Гордо и достоинствено ќе ја претставувам нашата земја!

Следно

ВИДЕО: Демонстрантите на протестниот марш бараа меѓународна истрага за случаите Алфа и Монструм

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian