Бугарската опозиција во офанзива: Моштите на Гоце да се вратат во Софија, РСМ ја препишува историјата

4 mins read

150-тата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев ги натера бугарските партии ГЕРБ и Има таков народ (ИТН) да издадат декларации за бугарските односи со Република Северна Македонија.

Петар Николов од ГЕРБ истакна дека Гоце Делчев со текот на годините станал столб на историското спознание на Македонците.

„Претседателот Стево Пендоровски призна дека е неспорна историската вистина дека Делчев се означил како Бугарин, а потоа Пендаровски ги повлече своите зборови“, се присеќава тој.

-Само народ кој го препознава, почитува и чува споменот на своите херои може да биде просперитетен, а општеството што ја препишува историјата не може да биде дел од семејството на заедничките европски вредности, рече Николов.

Александар Александров од Има таков народ рече дека Гоце Делчев е народен херој на двете земји и не може да биде поинаку поради родовата меморија, која не може да се избрише.

„Затоа што идеалот на Гоце Дечев не беше онаа држава по Првата светска војна, туку ослободување и поле за културен натпревар. Никој не може да не натера да се откажеме од нашата историја“, рече тој.

Александров во име на ИТН изјави дека партијата целосно го поддржува пристапот и заложбите на Владата за воведување нова динамика во билатералните односи со РМС, не прифаќајќи замена на историската вистина.

Денеска бугарска владина делегација предводена од шефицата на дипломатија Теодора Генчовска ќе се поклони на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје, додека премиерот и претседателот на Бугарија Кирил Петков и Румен Радев ќе му оддадоа почит на Делчев, положувајќи цвеќе на споменикот во Благоевград.

„Бидејќи гробот на Гоце Делчев е во Скопје, тој мора да го посети секоја бугарска делегација. Единствениот необјаснив исклучок го направи актуелниот премиер Кирил Петков“, рече Петар Николов од собраниската говорница.

„Господе чувај ја Бугарија – татковината на Гоце Делчев“, ка заврши својата беседа пратеникот Петар Николов во Народното собрание на Бугарија.

Партијата на Каракачанов побара враќање на моштите на Гоце Делчев во Софија

Бугарското ВМРО на Красимир Каракачанов преку соопштение побара моштите на Гоце да се вратат во Софија.

-Ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува!, велат од бугарското ВМРО.

-Денеска, е незаборавен датум за нашата историја – 4 февруари, се слават 150 години од раѓањето на легендарниот војвода Георги (Гоце) Николов Делчев. Гоце Делчев е идеолог и амблем на борбата за ослободување на родната бугарска земја – Македонија. Денес, пак, сведоци сме на арогантен и непочитувачки однос на политичарите во Скопје, каде што во 1946 година комунистичките власти во Бугарија ги предале коските на легендарниот стратег и идеолог на ТМОРО, подоцна преименувана во ВМРО. Но, на овој незаборавен датум, излегува дека ниту премиерот на Македонија Ковачевски, ниту министерот за надворешни работи Османи, ниту претседателот Пендаровски нема да ја почитуваат церемонијата на чествување на споменот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје заедно со бугарската делегација, реагираат од партијата ВМРО.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стадионот „Птичје гнездо“ единствен во историјата на кој ќе се одржи церемонија на отворање на ЗОИ и на ЛОИ

Следно

Општина Аеродром одбележа 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian