ЗОИ 2022: Организаторот предвидува најмногу 150.000 гледачи на трибините, голем пад во однос на ЗОИ 2018

1 min read

Организаторите на ЗОИ Пекинг очекуваат бројката на посетеност на Игрите да стигне најмногу до 150.000 гледачи кои би ги следеле натпреварите од трибините, а се надвор од „балонот“ во кој се сите учесници.

Сето тоа е секако поради рестрикциите од коронавирусот. Колкав хендикеп е коронавирусот покажува и споредбата со претходните ЗОИ Пјонгчанг, Јужна Кореја во 2018 година, кога вкупната бројка гледачи на трибините надмина еден милион.

На ЗОИ Пекинг 2022 гледачи ќе има само на натпреварите во Пекинг и во Жангџијаку, а на третата локација, Јанкинг, каде ќе се одржат натпреварите во алпско скијање и во санкање, воопшто нема да има гледачи.

Бројката на гледачи не смее да надмине 30 отсто од капацитетот на трибините, а билетите нема да се продаваат, туку ќе се доделуваат на избрана публика од организаторот.

Избраната публика ќе се состои главно од членови на допломатски мисии, маркетинг-партнери, ентузијасти за зимски спортови, ученици од основни и од средни школи. Странски фанови немаат дозвола да патуваат во Кина за да ги гледаат ЗОИ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Иванка Трамп без шминка со семејството на патување: „Избега“ од јавноста поради скандалите на нејзиниот татко Доналд Трамп

Следно

СДСМ: Мицкоски мисли само на себе и партијата, избори нема да има до 2024 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian