Заврши ретроградното движење на Меркур: За овие три хороскопски знаци следи голем пресврт!

2 mins read

Меркур излегува од периодот на ретроградно движење, а тоа ќе го почувствуваме затоа што постепено ќе ни „падне“ голем товар од грб. Оваа промена најмногу ќе влијае на неколку хороскопски знаци.

Скорпија

Директниот Меркур ќе ви донесе некоја личност од далечно минато која ќе се врати во вашиот живот. Некој од вашето минато ќе влезе во вашата орбита, а тоа ќе донесе промена на вашето расположение. На вас останува како ќе реагирате на оваа ваша изгубена љубов или пријателство, како ќе ја перцепирате повторната средба со оваа личност.  Останете со отворен ум, никогаш не се знае!

Близнаци

Оваа промена ќе ви ги расчисти „облаците“ во глава. Ќе се „фатите“ како почесто размислувате за некоја личност од вашето минато, некој што навистина ве направил среќни. Ќе почнете да мислите дека оваа личност е вашата „изгубена љубов“, некој што можеби никогаш повеќе нема да го видите. Но, ѕвездите не велат така. Во овој момент сè е можно. Обидете се да мислите позитивно на работите.

Стрелец

Директен Меркур ќе ви помогне да вратите некој во вашиот живот за кој мислевте дека сте го изгубиле засекогаш. Некој кој можеби некогаш ви бил многу близок и веќе не е дел од вашиот живот, а сепак, се чини дека никогаш не заминал. Затоа таквите љубови и пријателства се толку посебни и вечни. Ги обожавате тие магични романтични патувања со некој што може навистина и вистински да ве разбере. Ретроградното движење не го попречува патот на ова обединување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УХМР со најнова временска: Еве какво ќе биде времето до понеделник

Следно

ВИДЕО: Египет и Сенегал за титулата во Африканскиот куп на нации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian