ВИДЕО: Полуфинале во Кралскиот куп без Барса и Реал Мадрид!

1 min read

Невообичаено е кога ќе видиме дека најтрофејните шпански клубови не се во завршницата за некој од трофеите во натпреварувањата.

Најновото големо изненадување го направи Атлетик Билбао кој во четвртфиналето го елиминираше Реал Мадрид во Кралскиот куп со 1:0.

Баскијците, кои во претходната фаза ја исфрлија Барселона, сега на стадионот „Сан Мамеш“ урнаа уште еден фаворит.

Единствениот погодок беше реализиран во самиот финиш од средбата преку Алекс Беренгер (89`).

Претходно во полуфиналето се пласираа уште екипите на Валенсија, Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и Бетис кој со 0:4 го совлада Реал Сосиедад. Жрепката за полуфиналните двојки ќе се одржи в петок (4 февруари).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Египет и Сенегал за титулата во Африканскиот куп на нации

Следно

Денес се празнува: Светиот апостол Тимотеј

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian