Руска компанија за погребални услуги, смислиле бизарен начин да ги промовираат своите производи и усулуги и истата наиде на голем број негативни коментари, пренесува „TCH“.
Имено, во рекламата се појавуваат модели кои позираат пред ковчезите во долна облека. Луѓето на социјалните мрежи го нарекоа видеото „невкусно и навредливо“, а некои дури ги обвинија и за богохулење.
На објавеното видео се гледаат неколку полуголи девојки кои позираат во близина, па дури и внатре во ковчезите. Девојките се облечени само во долна облека, лежат во ковчезите или заводливо се потпираат на нив.
Реклама ритуальных услуг вышла на новый уровень
pic.twitter.com/U9s8NkBITq— #MDK (@mudakoff) January 29, 2022
„Рекламирањето на погребални услуги достигна ново ниво“, стои во описот на видеото кое беше споделено на „Твитер“.
Не е познато дали властите ќе преземат правни мерки против рекламата, но тие секако предизвикаа тревога во онлајн заедницата.