Фудбалерите на Египет се пласираа во финалето на Африканскиот куп на нации откако на пенали со 3:1 го елиминираше домаќинот Камерун. Мрежите мируваа по 120 минути игра на стадионот во Јуанде.
Во првото полувреме ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах ја имаше најголената шанса, но одлично реагираше камерунскиот голман Андре Онана.
Во пенал серијата за Египќаните прецизни беа Зизо, Абделмонем и Лашен, додека на спротивната страна неуспешни од белата точка беа Мукуди, Леа и Н`Жи, единствено сигурен беше Абубакар.
Финалето е закажано за в недела (6 февруари) од 20.00 часот, а еден ден порано за третото место ќе играат Буркина Фасо и Камерун.
Египет кој има најмногу трофеи во ова натпреварување ќе ја брка својата осма титула.