ВИДЕО: Бетис го „прегази“ Реал Сосиедад за полуфинале во Кралскиот куп

1 min read

Вечерва го дознавме и третиот патник во полуфиналето на шпанскиот Кралски куп, како гостин Бетис убедливо славеше над Реал Сосиедад со 0:4.

Составот на Реал Бетис сезонава е вистински хит, не само што има одлични резултати во Кралскиот куп, туку и со настапите во „Ла Лига“ изненадува многумина. На табелата во првенството е на третата позиција со 40 бодови, зад Реал Мадрид (50) и Севиља (46).

На теренот во Сан Себастијан Хуанми двапати се запиша во листата на стрелците (12`, 57`), а по еднаш Вилијан Жозе од пенал во 83 и Руибал во 87 минута од средбата.

Така, екипата од Андалузија им се придружи на Валенсија и Рајо Ваљекано на македонскиот голман Столе Димитриевски во полуфиналната фаза од натпреварување.

Во последното четвртфинале се среќаваат Атлетик Билбао и Реал Мадрид на стадионот „Сан Мамеш“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Креативно или бизарно, проценете сами: Полуголи девојки рекламираат ковчези

Следно

Мицкоски: Би положил цвеќе на гробот на Гоце заедно со Петков, ама само ако се согласи дека бил Македонец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian