Ѕвезда на Баерн не го сака Халанд: „Преферирам да ги хранам моите коњи и зајаци“

1 min read

Томас Милер застана на страната на Роберт Левандовски (33) коментирајќи го наводниот интерес на Баерн Минхен за потписот на Ерлинг Халанд, а неговата изјава привлече големо внимание.

Во интервјуто за „Спорт Билд, 32-годишниот фудбалер на баварскиот гигант не се двоумеше да одговори на прашање за Ерлинг Халанд (21), напаѓачот на Борусија Дортмунд кој се наоѓа на листата на желби на европските великани како Барселона, Реал Мадрид и Баерн на Милер.

– Дали сакаш да го „храниш“ Халанд со твоите асистенции? – беше прашањето за Милер, а еве како тој одговори:

– Преферирам да ги хранам моите коњи и зајаци – одговори Милер, застанувајќи на страната на Левандовски, кого Норвежанецот би можел да го замени, но Милер не го сака во својата екипа.

И покрај фактот дека договорите на Милер и Левандовски со Баерн истекуваат на 30 јуни 2023 година, играчот од средниот ред верува дека ќе продолжат да играат заедно:

– Сè е можно во фудбалот. Но, би било изненадувачки со оглед на тоа како работиме. Никој не нè контактирал во моментов. Затоа ќе мора да почекаме и да видиме што носи иднината – рече Томас Милер за неговата иднина во Баерн.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Историскиот мост во Ротердам ќе се демонтира: Јахтата на Џеф Безос мора да помине под него!

Следно

Во тек е „внатрешна лесна катарза“ во ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian