Весна Бејби по случајот со Ембла: И ќерка ми Мина беше дискриминирана во училиште

3 mins read

Случајот со дискриминацијата на 11-годишната Ембла, девојче со Даунов синдром од Гостивар ја потресе македонската јавност.

Имено, девојчето не било прифатено од соучениците, а нивните родители се организирале да ја бојкотираат наставата и поднеле петиција за таа да биде одвоена од нивните деца, наводно поради агресивно однесување.

Една од оние кои што искажаа силна поддршка за малечката Ембла е и актерката Весна Петрушевска, којашто на својот Инстаграм профил сподели дека и нејзината ќерка Мина, исто така, се соочила со слична дискриминација во приватното училиште „Јахја Кемал“.

– Ова е Ембла, жртва на полусветови, примитивни и неуки луѓе. Ние живееме во земја каде се нема емпатија и сочувство. Не постојат деца со посебни потреби, постојат луѓе без посебен капацитет на мозок или пак шуплива празнина во сопствената лобања.

Ќе ви раскажам нешто што на Мина ѝ се случуваше после немилиот настан. Ја запишав во „Јахја Кемал“, си велам ќе ѝ биде поарно, помалку деца, поголемо трпение. Ама не! Се собраа родители од нејзиниот клас и рекоа дека ако не се отпише Мина тие сите ќе си напуштеле школото. Ова ми го кажаа само после два месеца откако Мина почна со школо во „Јахја Кемал“. Началството ме замоли да не сум правела проблем. Бев бесна, лута. Џамбазов имаше идеја да им застанеме пред школо, ќе се собереше народ, ќе го затвореа. Да, после таков стрес детето е недоверливо и агресивно, башка што беше изложена на булинг.

Така што, јас сум во прва борбена линија за Ембла и за сите булирани деца. Патем, кај мене во актерската школа имам неколку деца со посебни потреби и другите деца ги учам како да постапуваат со нив, како да совладаат текст заедно, како да споделуваат многу љубов, многу љубов. Ембла, кога сакаш да се видиме – тука сум. По милионити пат повторувам дека во оваа држава нема поддршка за родителите, и како тие да се справат со сопствените деца. Тие се хероите, исто така. Кога зборувам за нив, зборувам и за себе. Гајле им е на оние што во буквална смисла ги малтретираат децата, стои во објавата на Петрушевска.

Ембла е вратена во класот со децата чии родители бараа да се тргне од настава

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Да се продолжи употребата на ковид-сертификати, предлага Европската комисија

Следно

Глигоров: Првенствен или пријателски натпревар, Вардар оди на победа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian