УХМР со најнова временска: Еве какво ќе биде времето до понеделник

1 min read

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

Утре и во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.

Утре претпладне променливо облачно и студено, по одделни котлини со значителна ниска облачност. Попладне претежно сончево. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер.

Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и во понеделник кон крајот на денот.

kurir.mk

Претходно

Мицкоски: Би положил цвеќе на гробот на Гоце заедно со Петков, ама само ако се согласи дека бил Македонец

Следно

Заврши ретроградното движење на Меркур: За овие три хороскопски знаци следи голем пресврт!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian