Турција и Украина потпишаа договор за слободна трговија

1 min read

Турција и Украина потпишаа договор за воспоставување зона за слободна трговија меѓу двете земји. Документот е потпишан по разговорите меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој се наоѓа во официјална посета на Киев.

Клучна точка на договорот е воведувањето од Турција на нулта царина за 10.337 артикли, што е 95 отсто од вкупниот број стоки извезени од Украина. За уште 1.348 артикли ќе бидат доделени царински квоти или намалени давачки. Конкретно, документот предвидува целосно укинување на турските давачки за 510 од 840 металуршки стоки, делумно намалување на царините за 130 и квоти за 167 металуршки стоки.

Освен тоа, стоките произведени од Украина од турски суровини ќе се сметаат за украински и ќе може да влезат на пазарите во сите европски земји без царина. Киев веќе добива подобри услови за пристап до турскиот пазар за преработени земјоделски производи.

Според прелиминарните проценки на украинската Влада, договорот ќе доведе до годишен пораст од 2,2 отсто од БДП на земјата и 2,6 проценти од приходот на домаќинствата. Украина и Турција потпишаа и меморандум за формирање заеднички царински совет.

kurir.mk

Претходно

Нема повеќе „должен како Грција“, земјата ќе го врати долгот кој го зеде за да не банкротира

Следно

ФОТО | Историскиот мост во Ротердам ќе се демонтира: Јахтата на Џеф Безос мора да помине под него!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian