Таткото на Матеј открива два нејасни моменти од истрагата: Ќе го најдат ли момчето исчезнато 35 дена

1 min read

Сплитќанецот Матеј Периш (27) пред 35 дена исчезна во Белград. Неговиот татко за ХРТ изјави дека истрагата се’ уште е сеопфатна – и во Србија и во Хрватска. Денеска е одржан состанок на кој се разговарало за исчезнувањето на Матеј меѓу српската и хрватската полиција.

Истрагата се’ уште ја води српското МВР, а во истрагата помага и хрватскиот тим.

„Информиран сум дека хрватските претставници на МВР дошле во Србија и дека ќе се сретнат со вработени во МВР на Србија во смисла на оперативни состаноци. Мислам дека не треба да учествувам на такви состаноци“, изјави таткото на Матеј, Ненад Периш.

Тој посочи дека има сомнежи за снимките, бидејќи камерите се прилично заматени, но и оние од мобилните телефони.

„Тие треба да покажат дали Матеј бил сам на платформата и мобилниот кој давал сигнал по патот по кој се движел покрај Сава. Тоа се две главни поврзници со Матеј. И тоа се две работи кои се најважни во овој момент“, рече Ненад Периш.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам со Ковачевски ако целта е доброто на Македонија

Следно

Швајцарија ги укинува сите епидемиолошки мерки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian