Шерон Стоун „удри“ по Џо Роган: Шири дезинформации за ковид-19, неговото однесување е опасно за животите на луѓето

1 min read

Шерон Стоун го прозва Џо Роган за ширење дезинформации за ковид-19 на неговиот ексклузивен подкаст „The Joe Rogan Experience“.

Во новото интервју за „TMZ“, 63-годишната актерка отворено зборуваше за Роган критикувајќи го без задршка.

„Тој е шупак и неговото однесување е опасно за животите на луѓето“, изјави Стоун. „Ковид не е ситуација заснована на мислење и г-дин Роган мислејќи дека неговото мислење или отфрлање од одговорноста за животите на кои тој лично влијаел и предизвикал загуби – тоа не е мислење… Заразните болести се наука и истите се засновани на факти“, додаде таа.

Ова не е првпат Стоун да го искаже своето мислење за Роган. А го критикуваа и други познати личности како музичарот Нил Јанг и Џони Мичел кои ја повлекоа својата музика од стриминг платформата обвинувајќи го Роган за „ширење лажни информации за вакцините“.

Во понеделникот, во 10-минутно видео кое го сподели на својот инстаграм-профил, Роган се осврна на тековниот притисок со кој се соочува во врска со неговиот подкаст.

„Проблемот што го имам со терминот дезинформација, особено денес, е тоа што многу од работите за кои до неодамна мислевме дека се дезинформации, сега се прифатени како факти“, објасни Роган.

„Моето ветување до вас е дека ќе дадам се од себе за да се обидам да ги избалансирам овие поконтроверзни гледишта со перспективите на другите луѓе за да можеме да најдеме подобра гледна точка“, рече Роган.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шефот на Си-eн-eн поднесе оставка поради љубовна афера со колешка

Следно

Последни подготовки пред свеченото отворање на ЗОИ Пекинг 2022

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian