Револтирана мајка тврди: Проблемот со наставничката по математика во „Љубен Лапе“ трае со години

1 min read

Наставничката по математика поради која шестоодделенците од училишето „Љубен Лапе“ ја бојкотираат наставата, со години психички малтретира ученици и остава трауми врз цели генераци, кои поради неа не ја знаат ниту таблицата со множење, тврди во изјава за „Слободен печат“ Весна Манчевска, чија ќерка заедно со уште неколку соученици останала на класен испит токму поради наставничката Анета.

Таа нагласува дека проблемот не е од сега и подготвена е да застане на страна на родителите, иако таа како што вели самата, за среќа веќе не се занимава со наставничката по математика, бидејќи нејзината ќерка е веќе средношколка.

– Мојата ќерка е сега втора година во гимназија, но ми беше мило кога видов дека родителите одлучиле проблемот да го изнесат во јавност. Ние од 2016 година се жалевме и предупредувавме дека наставничката психички ги малтретира децата. И тогаш како и сега доаѓаа служби на нејзините часови за да ги проверат нашите тврдења, но додека беа службите на час, тоа беа најубавите часови, а потоа се се враќање на старо, вели нашата соговорничка.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ дефинитивно останува прв после одлуката на Медведев

Следно

Народниот правобранител формира предмет за случајот со ученичката Ембла од Гостивар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian