Последни подготовки пред свеченото отворање на ЗОИ Пекинг 2022

1 min read

Македонскиот спортист Дардан Дехари, нестрпливо ја очекува својата прва трка, но не запира со своите подготовки под будното око на својот тренер и олимпиец Антонио Ристовски кој е веќе четврти пат на Олимписките игри.

– Условите во Пекинг се извонредни и покрај исклучително ладното време. Со нетрпение ја очекуваме церемонијата за свеченото отварање на Пекинг Олимписки игри 2022 – вели Дехари.

Неговиот сон се остварува, да учествува на ЗОИ и ветува дека ќе го даде максимумот да постигне што подобар резултат.

Покрај Дехари, нашата земја на Зимската Олимпијада во Пекинг ќе ја претставуваат уште Ана Цветановска и Ставре Јада.

– Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 февруари).

– Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 февруари).

– Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 февруари).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шерон Стоун „удри“ по Џо Роган: Шири дезинформации за ковид-19, неговото однесување е опасно за животите на луѓето

Следно

Влада: Сите фактори да придонесат за решение со Бугарија, согласно своите надлежности

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian