Официјално: Најдобриот стрелец Мирчевски го реализираше трансферот во Србија

1 min read

Мартин Мирчевски, кој на 11 февруари ќе наполни 25 години, направи нов трансфер во странство, односно ќе ги брани боите на ТСЦ Бачка Топола.

Моментно овој клуб настапува во најсилното српско првенство каде што моментно после 21 коло е на 10 позиција со 26 бодови, далеку зад водечките Партизан (59) и Црвена звезда (54).

Македонскиот крилен напаѓач е трето засилување за ТСЦ во зимскиот преоден рок.

Мирчевски во есенскиот дел од нашата Прва лига настапуваше за Академија Пандев, постигна 16 голови и е убедливо прв на листата најдобри стрелци.

Овој играч претходно беше дел уште од Вардар, Беласица, КФ Трепча 89 од Косово, Победа Прилеп и Пелистер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Жељко Самарџиќ стана дедо по четврти пат: Се роди уште една Анѓелија!

Следно

Не можеме да функционираме со четворица судии помалку, му се пожали Кацарска на Тупанчески

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian