Ненадејно почина македонскиот актер Љубе Терзијев

1 min read

Актерот Љубе Терзијев, долгогодишен член на ансамблот на театарот „Јордан Х. К. Џинот“ – Велес, синоќа ненадејно починал на 72-годишна возраст.

Љубе Терзијев е роден на 9 мај 1949 година во Скопје.

Како актер прво работел во Народниот театар во Штип од 1971 до 1975 година, а во Народниот театар „Јордан.Х. К. Џинот“- Велес е од 1975 година сѐ до пензионирањето во 2014 година.

Терзијев остварил голем број на театарски улоги, меѓу кои, посебно се издвојуваат Џими во „Вејка на ветерот“, Јасон во „Медеја“ , Ампо во „Чорбаџи Теодос“ , Герард во „Младоста пред суд“, Оливер Кромвел во „Кобното тркалце“, Цермонијал Лужин во „Злосторство и казна“, Липовски во „Кукавично јајце“, Чорбаџи Миладин во „Сомнително лице“, Бордир во„Крал Иби“, Жевакин во „Женидба“, Супериус во „Пеш“, Господинот Диманш во „Дон Жуан“, Мисајле во „Хамлет од Долно Дивјаци“, Степан во „Предлог за брак“ („Брачни понуди“), Господ во „Утешение грешним“, Духот на Едип во „Антигона“, Кадмо во „Бакхи“, Василие во „Радован III-ти“, Џон Фримен во „Четвртата сестра“ и други.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија не се меша во конфликтот меѓу Русија и Украина

Следно

Ѓоковиќ дефинитивно останува прв после одлуката на Медведев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian