Нема повеќе „должен како Грција“, земјата ќе го врати долгот кој го зеде за да не банкротира

2 mins read

Грција планира да врати повеќе од 7 милијарди евра заеми од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и партнерите од еврозоната во следните два месеци за да спречи банкрот за време на финансиската криза, изјавија двајца грчки претставници за Ројтерс.

Тоа е преостанатиот дел од вкупно 28 милијарди евра што овој меѓународен кредитор и ги обезбеди на Грција во два пакета помош во периодот од 2010 до 2014 година.

Дополнително, до крајот на првиот квартал од оваа година ќе бидат отплатени околу 5,3 милијарди евра заеми одобрени од грчките партнери во еврозоната, а кои доспеваат во 2022 и 2023 година.

„Планираме да ја завршиме отплатата во следните два месеци“, изјави грчки функционер за Ројтерс, додека друг рече дека тоа ќе и помогне на Грција да го намали својот долг кон БДП, што е сигнал за пазарите дека грчката економија е силна и здрава.

Од 2010 до 2015 година Атина доби три пакети финансиска помош од Европската унија и ММФ, во вкупен износ од над 260 милијарди евра. Откако ја напушти програмата за спас во 2018 година, таа се потпираше исклучиво на должничките пазари за цели на финансирање.

Грција му отплати на ММФ околу 6,0 милијарди евра пред крајниот рок 2019 и 2021 година, а има уште 1,8 милијарди евра неплатени заеми на Фондот, чиј рок на отплата е до 2024 година.

Владата, исто така, започна минатата година со првите отплати на заемите за спас на партнерите од еврозоната и сака да го забрза темпото на отплата на долгот.

Официјална Атина проценува дека националната економија пораснала за 9,0 отсто во 2021 година, откако економијата закрепна од првиот бран блокади воведени поради ковид-19, и предвидува раст од над 5,0 отсто оваа година.

Грција има околу 32 милијарди евра во резервна готовина, што е доволно за покривање на доспевањето на долгот во следните најмалку три години, наведува Ројтерс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДНЕВНА КОВИД СТАТИСТИКА: Регистрирани нови 1.715 случаи, а животот го загубија уште 24 лица

Следно

Турција и Украина потпишаа договор за слободна трговија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian