Мицкоски: Би положил цвеќе на гробот на Гоце заедно со Петков, ама само ако се согласи дека бил Македонец

1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 најави дека партијата утре, по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, во Собранието ќе поднесе Декларација којашто „ќе ги исцрта позициите на ВМРО-ДПМНЕ“ по прашањето за револуционерот.

„Во текот на утрешниот ден, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи во рамките на парламентот Декларација со која што јасно ќе ги исцртаме нашите позиции по прашањето на Гоце Делчев“, рече Мицкоски.

На прашањето дали, доколку би бил премиер, заедно со претседателот на бугарската влада Кирил Петков би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, Мицкоски одговори: само доколку бугарскиот премиер се сложи дека Гоце Делчев се борел за своја македонска независна држава.

„Ако Петков се сложи дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава, тогаш немам никаков проблем“, рече Мицкоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Бетис го „прегази“ Реал Сосиедад за полуфинале во Кралскиот куп

Следно

УХМР со најнова временска: Еве какво ќе биде времето до понеделник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian