Матарела положи заклетва за нов мандат на претседател на Италија

1 min read

Серџо Матарела (80) денеска положи заклетва пред двата дома на парламентот и го презеде вториот мандат како претседател на Италија.

Реизборот на Матарела, кој првично не сакаше да се согласи на нов седумгодишен мандат, донесе привремен одмор од тензиите во широката владејачка коалиција во Италија, по една недела неуспешни напори за избор на претседател, објави Ројтерс.

Матарела минатиот викенд изјави дека актуелната криза поради коронавирусот и тешките економски и социјални услови во Италија значат дека негова должност е да ја прифати одлуката на парламентот да биде реизбран.

Матарела, кој е од Сицилија, ја доби довербата на Италијанците со своите тивки, мирни и умерени јавни настапи и начинот на кој ги решаваше политичките кризи и здравствените проблеми.

Тој првпат ја презеде претседателската функција на 3 февруари 2015 година.

kurir.mk

Претходно

Важно за патување на Косово, од сабота нови мерки

Следно

ФОТО | Кејт Мидлтон заигра рагби: Војвотката наследи дел од должностите на принцот Хари и Меган Маркл

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian