Кривокапиќ: Од утре веќе нема да бидам премиер на Црна Гора веќе е договорено

1 min read

Од утре повеќе нема да бидам премиер, бидејќи Мило Ѓукановиќ се договорил со дел од владејачката коалиција, изјави на прес-конференцијата црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ.

„Останав посветен на пожртвуваната борба за здрава Црна Гора и достоинствен живот на нејзините граѓани. Се шпекулираше дека ќе поднесам оставка, некои ме убедуваа дека тоа е најдобриот начин. Јас велам дека ништо не ми значи дали денеска ќе бидам премиер или уште еден ден. Сакам граѓаните да видат кој е кој во Црна Гора. Знам дека ќе престанам да бидам премиер следниот ден, бидејќи господинот Ѓукановиќ се согласи со оној дел од заедничката коалиција што беше изразена со волјата на граѓаните на 30 август 2020 година“.

Како што истакна, министерот за внатрешни работи и директорот на полицијата се под контрола на Дритан Абазовиќ, кој се обидел да го спречи устоличувањето на митрополитот во Цетиње.

„Мојот предлог за разрешување на Абазовиќ можеше да биде инициран порано. Но, до последен момент не сакав да го започнам процесот во кој тој ќе биде прогласен за виновен“, посочи Кривокапиќ

Премиерот на Црна Гора порача дека Абазовиќ „заедно со поразената ДПС треба да и изгласа недоверба на оваа влада“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Запленет над еден тон материја за производство на дрога вредна над 50 милиони евра

Следно

Бајден потврди, лидерот на ИСИС е убиен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian