ФОТО | Кејт Мидлтон заигра рагби: Војвотката наследи дел од должностите на принцот Хари и Меган Маркл

3 mins read

Кејт Мидлтон официјално е новиот кралски покровител на „Rugby Football Union“ и „Rugby Football League“. Покровителство ѝ го додели кралицата Елизабета Втора, а оваа улога претходно ја имаа принцот Хари и Меган Маркл кои се откажаа од сите кралски обврски, пренесува „People“.

Во средата, Кејт го посети стадионот Твикенхем за да се сретне со англиските играчи од машката и женската екипа додека се подготвуваат за шампионатот на шест нации, како и со тренерите и судиите, воодушевувајќи ги сите со својата атлетика на теренот каде во еден момент ја кренаа во воздух.

„Ова се две фантастични организации посветени на искористување на моќта што спортот може да ја има во зближувањето на заедниците и помагањето на поединците да напредуваат. Со нетрпение очекувам да работам со нив на сите игри и да ја бодрам Англија во она што ветува дека ќе биде возбудлива година за двата спорта“, соопшти Кабинетот на војвотката во палатата Кенсингтон.

Кејт е позната по своите спортски способности, војвотката во 2017 година ги покажа своите рагби вештини за време на патувањето во Париз каде воодушеви со својата игра на теренот ни повеќе ни помалку во фустан и штикли.

Пипа Мидлтон, помладата сестра на Кејт за „Vanity Fair“ во 2014 година откри дека рагби е дел од нивната семејна традиција.

„Замислете ја сцената – сабота попладне во домаќинството на Мидлтон. Атмосферата е тешка, полна со очекувања. Сите очи се вперени во телевизија гледајќи ја Англија како игра со Ирска на рагби турнирот на пет нации во 1996 година. Рагби беше голема работа во нашето семејство и ги планиравме викендите според натпреварите. Кога ќе изгубевме, татко ми до крајот на попладнето беше во состојба на очај, како всушност самиот да ја изгубил играта“, тогаш изјави Пипа.

„Rugby Football Union“ беше меѓу организациите кои му се заблагодарија на принцот Хари за неговата поддршка во февруари 2021 година, кога беше потврдено дека војводата и војвотката од Сасекс нема да се вратат на нивните кралски должности.

Покрај добротворните позиции кои претходно ги имаа принцот Хари и Меган, и сите воени врски и и кралски должности кои му беа одземени на принцот Ендру на почетокот на овој месец поради сексуални обвиненија против него се очекува да бидат прераспределени на другите членови на кралското семејство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Матарела положи заклетва за нов мандат на претседател на Италија

Следно

МЗТ по историја во СРЦ „Кале“ во македонскиот кошаркарски Куп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian