Којзнае како е да бидеш дете на Доналд Трамп.
Тоа го знаат само наследниците на овој могул и поранешен претседател на САД. Неговата најстара ќерка, Иванка Трамп, која тој ја доби во бракот со нејзината мајка Ивана, периодов избегнува јавни појавувања. Што е причината?
Таа беше забележана со големи црни наочари и без воопшто шминка како притаено се придвижува до својот автомобил, заедно со својот сопруг и трите деца. Тие пред извесно време беа на заеднички одмор.
Иако Иванка е јавна личност, периодов изгледа како да се „крие“ од јавноста поради скандалите поврзани со нејзиниот татко.
Бидејќи постојат сомнежи дека татко ѝ Доналд Трамп имал удел во упадот во Капитол во Вашингтон, се очекува и Иванка да сведочи, па веројатно поради целата драма се држи понастрана од јавноста.