ФОТО | Историскиот мост во Ротердам ќе се демонтира: Јахтата на Џеф Безос мора да помине под него!

2 mins read

Холандскиот град Ротердам ќе го демонтира својот историски мост Конингсхавен, затоа што треба под него да помине суперјахтата на основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе на планетава, Џеф Безос.

Јахтата која се гради во близина на градот Албласердам ќе биде една од најголемите едрилици на светот.

Одлуката за демонтирање на мостот, за да може јахтата да отплови од Холандија донесена е и покрај тоа што официјалните власти ветуваа дека по реставрацијата на спомен -мостот во 2017, тој никогаш нема да биде демонтиран.⁣⁣
Историскиот мост познат меѓу локалците како „Де Хеф“ е изграден во 1878, и мораше да биде обновен откако нацистите го бомбардираа за време на Втората светска војна.

Марсел Валравенс, општинскиот портпарол изјави за локалните медиуми дека целиот процес ќе трае неколку недели.

„На Де Хеф има многу кабли, а штом ќе тргнете еден, тој повеќе не функционира. Ќе го тргнеме средниот дел и ако имаме среќа, ќе го вратиме ден потоа. Потоа ќе треба барем уште една недела за нештата да се вратат на свое место“.

Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абоуталеб проба да се оправда со тоа што изјави дека „градењето на ваква суперјахта донесе многу нови вработувања во регионот“.

Како и да е – ова е единствениот начин таа јахта да стигне до отворено море.
⁣⁣
Сепак одлуката предизвика голем гнев кај жителите.

„Овој човек заработува пари со избегнување да плати данок, не се однесува добро со своите вработени, а сега сака да го срушиме нашиот национален споменик? Ова оди навистина предалеку! – изјави Степан Леевис, дел од локалната Зелена партија.

Безос вети дека ќе ја плати демонтажата на мостот, а се очекува сето ова да се заврши летово.
⁣⁣

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турција и Украина потпишаа договор за слободна трговија

Следно

Ѕвезда на Баерн не го сака Халанд: „Преферирам да ги хранам моите коњи и зајаци“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian