ФОТО | Идилична глетка: Јелена Јованова и синот уживаат во синилото на Јадранското Море

1 min read

Сопружниците Јелена Јованова и Стјепан Периќ пред повеќе од шест години ги разменија брачните завети, а станаа и родители на синот Јаков.

Јуни 2020 година засекогаш ќе остане впишан со златни букви во историјата на семејството на македонската актерка Јелена Јованова и хрватскиот актер Стјепан Периќ, бидејќи тогаш се роди нивниот син Јаков. Колку им го разубави и облагороди животот, не крие оваа актерска двојка, која се вљуби на крајот на 2013 година на снимањето на серијата „Тајни“, а во брак стапија во 2015 година. Среќното семејство живее во Загреб, каде што и се роди Јаков.

Јованова ретко споделува моменти од приватниот живот. Меѓутоа, актерката сега на својот инстаграм-стори објави фотографија која доловува една идилична глетка. Јованова и малиот Јаков уживаат на море, во близина на прекрасниот остров Брач на Јадранско Море.

Зборот „љубов“ што го напишала на фотографијата е доволен да ја покаже единствената и нераскинлива врска помеѓу мајката и детето.

Фото: Инстаграм

Инаку, Јованова, која кај нас е популарна по улогата на рецепционерката Јелена од Драчево во хумористичната серија „Преспав“, вешто ја криеше бременоста од очите на јавноста.

Убавата актерка често престојува во Македонија, особено во периодот кога се снима „Преспав“.
Јованова е една од најталентираните и најнаградувани македонски актерки од помладата генерација.

ФОТО | Јелена Јованова со новогодишната честитка ги стопли срцата: Синот Јаков ужива во украсената елка

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шведска следната недела ќе ги укине ковид ограничувањата

Следно

Донирани 593 камери на секторите за внатрешни работи преку проектот „Мобилен систем за снимање со камери”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian