Е. Пелистер запиша нови бодови, триумф и над РК Охрид

1 min read

Ракометарите на Е. Пелистер остварија убедлива победа во рамките од 17 коло на Суперлигата, откако попладнево во Битола го совладаа Охрид со 34:25.

Домашниот тренер Жељко Бабиќ се соочи со проблеми во одбраната, бидејќи не настапија Кукоски, Маркоски и Радовиќ, па охриѓани додека беа свежи одлично парираа.

На табелата водат битолчани со 46 бодови, додека составот на Радослав Стојановиќ се на осмата позиција со 25 бодови.

Ракомет – Суперлига (17. коло)

Е. Пелистер – Охрид 34:25

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Е. Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ф. Ивановски, Мараш 3, Ојлески 1, Маџовски 4, Кукуловски 2, Мандалиниќ, Танкоски 1, Периќ 6, Костески, Велковски, Божиќ Павлетиќ 8, Граџан 5, Обрадовиќ 1, Табоада 4
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 4 минути

Охрид:
Брауновиќ, Ацев, Андоноски, Кривокапиќ 5, Костов 1, Николов 1, Шилегов 3, Шулески 1, Младеновиќ 2, Тасески 2, Грубор 2, Манасков 2, М. Ивановски, Додиќ 6, Ристески
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Трудничкото стомаче на Ријана руши рекорди: За неколку часа собра преку 10 милиони лајкови!

Следно

Ковачевски се сретна со Ќучук во Брисел, разговарале за развојот на процесот Скопје-Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian