В петок од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје составот на Вардар 1961 ја започнува новата сезона во СЕХА Газпром лигата, прв противник е Нексе од Хрватска.
На клупата на скопските „црвено-црни“ својот прв натпревар ќе го има новиот тренер Давид Дејвис кој ги сподели очекувањата во пресрет на дуелот против хрватскиот претставник.
– Во јануари водевме подготовки со половина екипа. Ќе биде тешко на мојот прв натпревар, Нексе е добра екипа, со многу добар тренер. Само два дена тренираме со Гаџа, Чувара и Валчак, тие настапија на Европското првенство, и мора да влезат во системот кој е замислен.
Ќе видиме како ќе биде на мечот. Многу тешка ситуација, кога ќе одиграме повеќе натпревари, ќе видиме реално каква е екипата, ама за утре не знаеме – рече Дејвис.
Воедно од клубот најавија дека влезот за овој меч е бесплатен за сите љубители на ракометот и спортот.