Апелација ги укина притворите за Драги Рашковски и Трајко Вељановски

1 min read

Апелацискиот суд Скопје вчера ги укина мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељановски, објави МКД.мк.

Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот.

На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот Организатори на 27 апприл за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.

kurir.mk

Претходно

Укинат домашниот притвор на Драги Рашковски и Трајко Вељаноски

Следно

34-годишен скопјанец пронајден мртов во канал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian