Антидискриминациска отвори постапка за сегрегација на ученичката Ембла

1 min read

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) отвори постапка по службена должност за сегрегација на четвртоодделенката Ембла од Гостивар. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение во ОУ „Башкими“ поради бојкот на родителите на учениците од паралелката, бидејќи  има Даунов синдром.

„Постапката е започната по службена должност, по информациите кои се раширија на социјалните мрежи дека единаесетгодишната Ембла останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава. Комисијата во понеделник ќе изврши увид во училиштето, а веќе се остварени контакти со градоначалникот Таравари и директорот на училиштето. За исходот од постапката, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана“, соопштија од КСЗД.

Родителите на ученици од ОУ „Единство-Башкими” во Гостивар ја бојкотираа наставата, бидејќи не сакале таа да посетува настава со нивните деца, под изговор дека девојчето било агресивно.

Ембла е вратена во класот со децата чии родители бараа да се тргне од настава

Ембла е вратена во класот со децата чии родители бараа да се тргне од настава

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Скопјанец го истетовира ликот на Тома Здравковиќ и стих од негова песна

Следно

На Клиниката за неврохирургија првпат изведена нова техника што врши флуоросцентно обојување на туморите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian