ЗОИ Пекинг 2022: Сто отсто вештачки снег, првпат во историјата на зимските олимпијади

1 min read

ЗОИ Пекинг 2022 година ќе бидат првите Зимски олимписки игри на кои ќе се користи сто отсто вештачки снег. Ќе бидат потрошени неверојатни 220 милиони литри вода потребни за производство на околу еден милион кубни метри вештачки снег.

Овој факт предизвика голем број еколошки грижи дека енормното производство вештачки снег ќе бара голема количина на енергија. Но организаторите велат дека енергијата ќе биде произведена од 100 отсто обновливи извори. Кинеските власти се обидоа да го уверат Интернационалниот олимписки комитет дека ќе користат ветер и сончева енергија за да обезбедат напојување на Игрите и на градот Пекинг како целина.

Се предвидува дека ќе има многу поинакви временски услови во споредба со Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, пред четири години, кога температурите во текот на ноќта паѓаа на застрашувачки – 21 степен! Сепак се очекуваат студени услови и на ЗОИ Пекинг, но се прогнозира дека температурата ќе биде многу поподнослива, односно – 2 степени Целзиусови, барем на почетокот на Игрите.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Почина Моника Вити: Си замина кралицата на италијанскиот филм

Следно

Пендаровски: Храброста и пожртвуваноста на Мартин Милетиќ од Тетово заслужуваат огромно признание и восхит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian