ЗОИ Пекинг 2022: Олимпиското примирје воспоставено, но колку ќе се почитува?

1 min read

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах повика да се почитува олимпиското примирје, а спортистите беа поканети да се потпишат на „Муралот на примирјето“ во Олимпиското село.

– Ги повикуваме сите политички лидери ширум светот да ја почитуваат својата посветеност на ова олимписко примирје – рече Бах. Муралот, кој го доби името „Светлина и мир“, беше откриен во Олимиското село, а Бах беше првиот што потпиша.

Во тој дух Обединетите нации ги повикаа завојуваните страни во Етиопија да ги прекинат непријателствата и да дозволат доставување хуманитарна помош на оние што им е потребна. Постои загриженост и дека кризната ситуација во врска со Украина може да ескалира за време на ЗОИ 2022.
Ѕид на олимпиското примирје е поставуван во срцето на секое олимписко село од Торино 2006 година.

Обединетите нации во декември едногласно усвоија резолуција за поддршка на олимпиското примирје кое го опфаќа целиот олимписки период до завршувањето на Параолимписките игри (4 февруари-13 март).

Традицијата на олимпиското примирје датира од 9 век п.н.е. во античка Грција како период во кој војните престанувале за да биде безбедно патувањето до и од античките олимписки игри.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Стариот мој, како да сака да ме гушне…“: Игор Џамбазов сподели емотивни фотографии од родителите

Следно

Милошоски: Со пратениците од Беса сме на ист став за промена на изборниот модел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian