Вооружен инцидент пред училиште во САД: Убиени 4 тинејџерки и уште една 20-годишна девојка (ВИДЕО)

1 min read

Полициската станица во Милвоки соопшти дека инцидентот се случил вчера вечер, околу 19:20 часот, на околу еден блок подалеку од средното училиште Руфус Кинг. Полицијата најпрвин пронашла три жртви на возраст од 15, 16 и 17 години, кои веднаш биле пренесени во болница и кои се очекува да ги преживеат здобиените повреди, пишува NBC News.

Полицајците подоцна забележале уште двајца ранети, 15-годишна и 20-годишна девојка. Двете се здобиле со повеќе прострелни рани. И тие биле пренесени во болница и се очекува да закрепнат. Полицијата соопштила дека трага по осомничениот.

Неколку часа пред пукањето, вршителот на должноста градоначалник на Милвоки Кавалиер Џонсон ги прогласи 1-7 февруари за Недела на преживеаните по нападот со огнено оружје воведен поради големиот број такви инциденти.

kurir.mk

Претходно

Николоски до владата: Како устата ви е полна со прозападна реторика, а давате набавки во безбедносниот сектор на фирми кои што се на црната листа на САД?

Следно

ФОТО | Полицијата објави потерница: Секси затвореникот стана славен на социјалните мрежи, сите „полудеа“ по него

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian