ВИДЕО | Еве го документарецот: Што се случуваше зад кулисите на новиот „Сексот и градот“?

1 min read

Паралелно со завршувањето на серијата „Аnd Just Like That“, пристигнува и документарец кој ќе го прикаже сето она што се случуваше позади сцената.

Документарецот го носи истото име како и филмот, и ќе се прикаже премиерно утре на HBO Max, а трејлерот веќе е објавен на официјалниот YouTube канал.

Ѕвездите на серијата, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис во документарецот ќе ги раскажат сите пикантерии од сетот. Во трејлерот се прикажани глумиците како го раскажуваат искуството по снимањето на филмот, откако веќе 20 години поминаа од оригиналната серија.

„И по 23 години сум возбудена и престрашена“ – вели Сара Џесика Паркер, која во серијата ја глуми култната њујоршка кралица на модата, Кери Бредшо.

Во трејлерот освен приказните на актерките и искуствата со улогите, се расправа и за сценариото. Во еден од кадрите е починатиот Вили Гарсон, актерот кој го глумеше ликот на Стенфорд Блеч, како последна почит до актерот и миленик во серијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија во Конго: Најмалку 25 лица загинаа откако пукна високонапонски кабел за струја

Следно

Гринвуд пуштен од притвор откако плати кауција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian