„Јутарњи лист”: Триото од Претседателството на СФРЈ пишува „Апел за спас на БиХ”

1 min read

Тројца членови на поранешното Претседателство на СФРЈ, Стјепан Месиќ, од Хрватска, Богиќ Богиќевиќ, од БиХ и Васил Тупурковски, од Северна Македонија, го комплетираат „Апелот за спас на БиХ”.

Според весникот „Јутарњи лист”, тројцата планираат да го испратат документот до клучните инстанци во и надвор од БиХ каде се одлучува за земјата, но ќе го упатат и до „сите засегнати”, како и до пошироката јавност.

Како што објави хрватскиот неделник „Национал“, Месиќ, Богичевиќ и Тупурковски во својот апел заговараат сосема спротивно решение за БиХ од етничките концепти на Република Српска и ХДЗ БиХ, кои ги поддржуваат властите од Белград и Загреб.

На прашањето како објаснува дека во бошњачките кругови се тврди дека премиерот Андреј Пленковиќ и ХДЗ се далеку подобронамерни кон БиХ од претседателот Зоран Милановиќ, Месиќ рече дека не знае за тоа.

-Но, знаете што, добив порака од таткото на Пленковиќ во која напиша дека јас се среќавам со Милановиќ, а зошто не комуницирам и со неговиот син. Но, Пленковиќ никогаш не ме покани да разговараме или да се видиме, изјави Месиќ, пренесе загрепски „Јутарњи лист”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Перински: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата

Следно

Трагедија во Конго: Најмалку 25 лица загинаа откако пукна високонапонски кабел за струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian