УХМР со најава: Утре променливо облачно време со сончеви периоди

1 min read

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во источните делови.

Утринските температури ќе се движат од од -10 до 2 степени, а дневните од -1 до 8 степени Целзиусови.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време.

Утре во планинските подрачја ќе има врнежи од слаб снег, а ќе дува и засилен северен ветер, особено во источните делови.

Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Од понеделник ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури.

kurir.mk

Претходно

Николоски: Ние имаме резерви за „Отворен Балкан“, а ДУИ ја поддржува иницијативата

Следно

Прозборе ќерката на Мерима Његомир: Мајка ми имаше 5 различни дијагнози, ја лекуваа од хеликобактерија, а имала рак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian