УЕФА се откажа од тужба поради пицата „Лига на шампињони“

1 min read

Европската фудбалска федерација (УЕФА) се откажа од тужба против германска пицерија која на една од пиците на менито и даде назив „Лига на шампињони“, што асоцира на фудбалската Лига на шампиони.

Пред два дена, пицеријата Фолке во германскиот град Гисен, објави дека добиле писмо од УЕФА кое европската куќа на фудбалот им се заканува со тужба поради името на пицата.

УЕФА тужи: Во германска пицерија се јаде пица „Лига на шампињони“

Но, челниците на УЕФА денеска се премислија и се откажаа од тужба против пицеријата Фолке и за заканата со судски процес го обвинија локалниот агент за заштита на логото.

„Очигледно е дека некои луѓе прават шоу од оваа приказна. УЕФА сериозно ја сфаќа заштитата на својата интелектуална сопственост, но се чини дека во овој случај локалнит агент донесе избрзана одлука. Лигата на шампионите на УЕФА може среќно да живее покрај пицата со интересно име“, стои во соопштението на УЕФА.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Врнежите и ветрот играат голема улога: Кога се најголеми шансите да се заразите со омикрон на улица?

Следно

Подвидот на омикрон БА2 пристигна и кај нас? Се испитуваат примероците на петмина пациенти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian