Триумф на Ефес во трилер натпреварот во Москва, Реал со пресврт до победа

2 mins read

Кошаркарите на Анадолу Ефес во дербито на денот во Евролигата славеа со 99:97 по продолженија ја гостувањето кај ЦСКА Моска во натпревар исполнет со пресврти и возбудувања.

Ефес на стартот поведе со 13 поени разлика (21:9), а во втората четвртина имаа шест поени предност (39:33), за на одмор да заминат со предност од три поени (44:41). Третата четвртина започна со неверојатна серија на ЦСКА Москва од 18:0 со која поведе со 59:44. Иако во тие моменти изгледаше дека натпреварот е готов и рускиот тим ќе слави, Анадолу Ефес прави нов пресврт и со поените на Василије Мициќ се избори за продолженија.

Во дополнителните пет минути, актуелниот европски шампион беше подобар тим иако и двете екипи имаа шанси за триумф. Ефес на 30 секунди до крајот имаше предност од четири поени, по што Григонис постигна тројка и разликата ја спушти на само еден поен. Потоа следеше серија на промашувања на двете страни, за  Бобуа на две секунди до крајот да му донесе победа на турскиот тим. Најефикасни кај Ефес беа Ларкин со 26 поени и Бобуа со 22 постигнати поени, додека кај ЦСКА блескаше Хекет со 33 поени, но тоа беше недоволно за победа на неговиот тим.

Реал Мадрид со пресврт го совлада Олимпијакос со 75:67. „Кралевите“ пред крајот на првото полувреме има негатива од 14 поени (24:38) но во вториот дел на Олимпијакос му дозволија да постигне само 29 поени и на крајот да слават со 75:67.
Томас Ертел со 20 поени беше прво име кај Реал Мадрид, додека во редовите на Олимпијакос се истакна Саша Везенков со 16 поени.

Алба Берлин на домашен терен ја оствари најубедливата победа, со 81:53 го декласира Уникс. Германскиот тим до победата го предводеше Маодо Ло со 16 поени, додека кај Уникс најдобар беше Лоренцо Браун со 12 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Полицијата објави потерница: Секси затвореникот стана славен на социјалните мрежи, сите „полудеа“ по него

Следно

Рајо и Валенсија полуфиналисти во Кралскиот куп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian