Словенија нема да испрати оружје во Украина, вели министерот за одбрана

1 min read

Словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин по денешната средба со британскиот колега Бен Валас во Љубљана истакна дека Словенија нема да испраќа оружје во Украина.

Тонин истакна дека „во Украина секако е подобро и лош мир отколку добра војна” и оти засега не размислува за испраќање на оружје во Украина, како што направија другите земји-членки на НАТО.

– Клучно е на Путин, во рамките на сојузништвото на НАТО, да испратиме јасна и недвосмислена порака дека цената на војната едноставно е превисока, наведе Тонин.

Словенија во моментот има свои војници во НАТО мисијата во Летонија, а во април ќе им се придружат војниците од Северна Македонија.

Според Тонин, тоа е најдобар одговор на НАТО во политиката за одвраќање на Русија од евентуален напад врз Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муцунски ќе назначи нов директор на ОУ „Љубен Лапе“, по денешниот бојкот на учениците

Следно

Швајцарија почна со ублажување на мерките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian