Шаќири: Падот во рангирањето на УКИМ не треба да е пораз, туку мотив да бидеме подобри

3 mins read

Министерот за образование и наука Јeтон Шаќири смета дека падот во ранг листата за УКИМ не треба да биде пораз, туку мотив да се постигне поголем квалитетот на високообразовната институција.

– Сметам дека веста за најстариот универзитет во државата УКИМ кој според некои глобални рангирања паднал на пониски позиции од претходните кои ги имал, не треба да се сфаќа како пораз. Напротив, треба да биде мотив за поголем ангажман на институциите во државата, но и на раководниот и наставниот кадар не само на овој универзитет, туку и на сите останати, заради поголема конкурентност најпрво тука на национално ниво, а таа конкурентност ќе значи повисок квалитет во работењето и ќе донесе и подобри позиции во пошироки размери. Од позиција на министер за образование и наука можам да кажам дека овој сегмент од образованието, високото образование ќе биде еден од приоритетите на кои ќе се посветиме во следниот период и тоа е дефинирано во програмата за работа која ја одобри Владата. Јас останувам во редовна комуникација со сите високообразовни установи, ќе дадам поддршка на секоја добра идеја и заедно ќе креираме стратегија која требаа да ни овозможи подобар високообразовен систем, рече Шаќири во изјава за Слободен печат.

Тој нагласува дека универзитетите се автономни и од самите нив најмногу зависи дали и колку ќе напредуваат на вакви рангирања.

– Важно е да споменеме дека имаме релативно понов Закон за високо образование кој за прв пат е изготвен заедно со универзитетите и согласно нивните барања. Имаме и низа нови тела кои произлегуваат од тој закон, како Агенцијата за квалитет во високото образование и Националниот совет за високо образование и научно истражувачка дејност и тие многу ќе помогнат во остварувањето на целта, да имаме поквалитетно високо образование и научно истражувачка дејност. А ние како Влада и Министерство ќе продолжиме да го зголемуваме буџетот кој ги покрива овие области, што беше пракса и во изминатите неколку години. Ќе потсетам дека само за 3-4 години имаме речиси двојно зголемување на буџетот за наука, од 250 милиони денари на над 400 милиони денари. Ќе потенцирам дека сепак немаме друга и подобра алтернатива како држава, освен да вложуваме во квалитетно знаење на граѓаните, а кога зборувам за квалитетно знаење тоа мора да биде на сите нивоа – основно, средно и секако високо, додава Шаќири.

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е на листата „Вебометрикс“, а се наоѓа дури на 1.594. место во светот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гринвуд пуштен од притвор откако плати кауција

Следно

Арсовски: Зечевиќ од адвокатски услуги има инкасирано над 30.000 евра и тоа од 3 општини со кои раководеле кадри на СДСМ

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian