Се повеќе членови на Конзервативната партија бараат смена на Борис Џонсон

1 min read

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се соочи со уште едно барање за гласање недоверба на Владата, бидејќи член на неговата Конзервативна партија и пратеник Ентони Мангнал, поднесе барање за негова смена.

Веб страницата на Ај-Ти-Ви Њуз пренесува дека следните избори ќе се одржат во 2024 година, а за да се гласа недоверба на премиерот потребни се 54 барања.

Во текстот на британската телевизиска мрежа се наведува дека се претпоставува оти биле поднесени околу 20 барања за смена на британскиот премиер, а на потписниците им било дозволено да бидат анонимни, па мнозинството одлучило нивното име да остане во тајност.

Покрај Мангнал, пет други ториевци од Парламентот јавно побараа смена на Џонсон.

kurir.mk

Претходно

Вучиќ утре ќе се сретне со Ѓоковиќ

Следно

ФОТО | Моделка со храбар израз: Влакната под пазувите ме прават силна!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian