Сајмон Кауел завршил во болница: Повторно паднал од електричен велосипед

2 mins read

Сајмон Кауел имал несреќа по пад од електричен велосипед минатата недела.

Судијата на „X Factor“ бил примен во болница поради сомнение за потрес на мозокот и скршена рака по несреќата која му се случила во западен Лондон, само 18 месеци по неговата несреќа во Лос Анџелес, кога тој исто така падна од електричен велосипед.

„Сајмон е среќен што е жив. Педалирал на педалите, со вклучен електричен мотор, кога ненадејно се лизнал откако налетал на влажно место. Тој се лизнал, прелетал преку воланот и паднал на сред пат“, изјавил извор за „The Sun“ и потврдил дека музичкиот магнат е добро и веќе бил пуштен на домашно лекување.

62-годишниот Кауел минатата година имаше сериозна повреда на грбот, но подоцна изјави дека нема намера
да престане да вози велосипед.

„Моето најкреативно време е кога возам велосипед затоа што педалирам иако тоа е електричен велосипед. Сè уште возам велосипед и возам околу десет милји дневно, иако еднаш имав несреќа“, во една прилика изјави тој за „ExtraTV“.

Инаку, Кауел неодамна се сврши со долгогодишната девојка Лорен Силверман, која ја запроси за време на семеен одмор на Барбадос. Лорен и Сајмон се запознале во 2004 година, кога таа сè уште била во брак со Ендрју Силверман, добар пријател на Кауел, а тој подоцна признал дека имале афера додека таа била во брак.

„Аферата не е нешто на што се гордеам ниту пак сакав некого да повредам. Тоа едноставно се случи“, изјави тој пред неколку години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа

Следно

Нови детали: Сопругата на парагвајски фудбалер била убиена од нарко картел поради одмазда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian