Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на училиште поради соученичка со даунов синдром

2 mins read

За разлика од другите деца, кои учебната година ја започнаа на 1 февруари, 11-годишната Ембла на училиште тргна денеска, но сама. Тоа е затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан.

Ембла е дете со посебни потреби – има даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив.

„Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родителите да се бојкотира наставата од редовните ученици“, се вели во петицијата што ја покренаа родителите.

Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими“ изјави дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес.

„На средбата што ја имавме со родителите на Ембла, со институциите што се адекватни за ова тема, тие зазедоа став и се договоривме Ембла да не остане сама во една училница“, рече директорот.

„Денес е прв училишен ден за ќерка ми, вчера не беше поради условите. Во првата пологудина учеше во тешки услови во сала. Но, денес воспитната асистентка ми рече да ја донесам на час со другите деца“, вели Илир Адеми, родител на Ембла.

Таткото на Ембла негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки.

„Воопшто не е вистина. Тоа беше компромис пред три-четири години, за потоа да се интегрира со другите соученици. Учеше во голема сала, а се греше со мал радијатор. Значи, не се помиривме, но во првото пологодина се случи ова и за тоа девојче вчера не започна второто, бидејќи мислев дека ќе продолжи да оди на настава во сала“, додаде Адеми.

Ембла ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руседски верува во Ѓоковиќ: Новак е најдобар и на крајот ќе има највеќе гренд слем титули

Следно

Ѓоргиев: Комисијата нема никакво учество во одлуката на владата да се слави раѓањето на Делчев со Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian