Прозборе ќерката на Мерима Његомир: Мајка ми имаше 5 различни дијагнози, ја лекуваа од хеликобактерија, а имала рак

4 mins read

Пред два месеци по кратко боледување почина српската пејачка Мерима Његомир.

Никој не претпоставувал дека кога Мерима самоиницијативно, без консултација со лекар отишла на магнетна резонанца ќе ѝ биде откриен рак. А колку била силна бурата од очекувања, надеж и разочарувања за состојбата на Мерима до нејзината смрт, најдобро знаат нејзините ќерки.

Почина српската пејачка Мерима Његомир

Љубица Његомир, најстарата ќерка на Мерима, проговори за сè што се случувало од април минатата година, кога нејзината мајка почнала да чувствува неподносливи болки во стомакот, поради кои не можела да јаде.

Таа откри колку време поминало од моментот кога било откриено дека нејзината мајка Мерима боледува од рак, до моментот кога за последен пат ги склопила очите.

„Два месеци и десет дена. Сите бевме со неа, сите четири сестри. Се посветивме да биде подобро и да се излечи. Тоа беше голем удар за нас. И за неа, таа беше повеќе шокирана од дијагнозата отколку што бевме ние. Не можеше да поверува. Живееше на таков начин што мислевме дека ќе умре од срцев удар, никогаш не ни помислувавме дека ќе се случи рак“, раскажа Љубица за „Стори“.

„Стомакот почна многу да ја боли во април, отиде на лекар и тој ја лекуваше од хеликобактерија, кој последователно ја добила од коронавирусот. Направи ултразвук и сите резултати беа добри. Неколку пати побара од лекарот да направи магнетна резонанца бидејќи се жалеше дека има „чудни“ болки. Беше многу интуитивна, ми рече дека се плаши дека е панкреасот. Но, мислевме дека лекарите, кои сметаа дека нема потреба да прави магнетна резонанца, најдобро знаат. Кога болката стана толку силна што не можеше да јаде, отиде да направи магнетна резонанца без консултација со лекар и доби дијагноза“, раскажа таа.

Откриена вистинската причина за смртта на Мерима Његомир: Ја лекувале од бактерија додека ја јадел карциномот!

„Потоа почна ролеркостерот или виорот во кој ниту ние ниту таа не знаевме што правиме од разни информации. По дијагнозата, сите лекари предвидуваа брз крај. Беа песимисти. Мислевме дека ќе може да се бори. Пробавме сè. Ѝ беше лошо за време на втората хемотерапија, тогаш се влоши ситуацијата, ја доби и бактеријата од која доби сепса. Некои лекари рекоа дека таа бактерија е во склад со болеста, но ја добила во болницата. На крајот поради бактеријата доби сепса и почина“, наведува Љубица.

„Од почетокот сè можеше да биде подобро. На почетокот ја лекуваа од хеликобактерија. Велат дека ракот на панкреасот почнува да боли дури кога е целосно развиен. Факт е дека пет месеци одеше на лекар секој ден барајќи решение за болките кои ги имаше. Тоа беше првпат таа да се посвети на некоја своја болка, и тоа беше активно, претходно не одеше на лекар поради болки. Ја лекуваше угледен лекар од Белград. Сметаше дека тој знае, но, ете, не знаел или не видел. Имаше пет различни дијагнози за нејзината состојба додека не беше откриен ракот“, истакна таа, велејќи дека Мерима последните денови ги поминала во болница.

ФОТО | Се огласи ќерката на Мерима Његомир: Не верувавме дека крајот ќе дојде толку брзо

„Прво во едната, од каде практично ја киднапиравме и ја однесовме во друга. Мораше да оди во болница бидејќи доби висока температура поради сепса“, заклучила таа за споменатиот медиум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УХМР со најава: Утре променливо облачно време со сончеви периоди

Следно

ВИДЕО:  Сенегал прв финалист на Африканскиот куп на нации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian