Покетино нема да ја зарши сезоната на клупата на ПСЖ?

1 min read

Маурисио Покетино најверојатно нема да ја заврши сезоната на клупата на ПСЖ и би можел да добие отказ уште во март, објави „Телефут“, емисија која се емитуна француската телевизија.

„Телефут“ тврди дека иднината на Покетино на клупата на ПСЖ зависи исклучиво од пласманот на „светците“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. ПСЖ во осминафиналето го очекува тешка задача, играат против Реал Мадрид.

„Телефут“ објави дека челниците на ПСЖ не се задоволни од игрите на екипата и наводно веќе имаат договор со Зинедин Зидан од лето да ја преземе екипата.

Маурисио Покетино изминатиот период беше поврзуван со Манчестер јунајтед, ПСЖ ги одби понудите да „црвените ѓаволи“ кога го отпуштија Оле Гунар Солскјер, но и покрај тоа, аргентинскиот стручњак сè уште се споменува како можен тренер на англискиот тим.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Второто училишно полугодие со посилен имунитет: Помогнете му на вашето дете да победи во сите свои борби

Следно

Наставничка по математика им викала на децата дека се грди и инвалиди: Родителите бојкотираат настава, директорката си поднесе оставка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian