Ѓоргиев: Нема реципроцитет во однос на прашањето за малцинствата, Бугарија се меша во внатрешното уредување на државата

1 min read

Фактот дека во Бугарија постојат Македонци, тоа не може никој да го негира, дециден е претседателот на мешовитата комисија од македонскиот тим за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма.

Ѓоргиев вели дека она што го иритира македонскиот народ е тоа што нема реципроцитет, укажувајќи дека Бугарија го диктира внатрешното уредување на Македонија во однос на малцинствата.

Постојат таму Македонци, јас имам пријатели кои се Македонци а кои живеа во Бугарија, и тоа е факт. На кој начин тоа ќе се надмине, тоа е веќе политичко прашање за кое јас не би сакал да навлегувам, меѓутоа она според мене кое што ја боли македонската јавност во однос на тоа прашање е недостатокот на реципроцитет и чувството дека Бугарија го диктира внатрешното уредување на Македонија во контекст на тоа бугарско малцинство овде, додека на македонската страна апсолутно не и е дозволено да направи ништо за Македонците во Бугарија, вели Ѓоргиев.

kurir.mk

Претходно

Најмногу згрешив со Законот за абортус, вели Никола Тодоров

Следно

Вучиќ утре ќе се сретне со Ѓоковиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian