Ѓоргиев: Комисијата нема никакво учество во одлуката на владата да се слави раѓањето на Делчев со Бугарија

1 min read

Претседателот на македонскиот тим од заедничката комисија, Драги Ѓоргиев во гостување во емисијата „Топ тема на ваша страна“ коментирајќи ја одлуката на македонската и бугарската влада заедно да го чествуваат раѓањето на Гоце Делчев во петок, вели дека тоа е нивна политичка одлука и комисијата нема никакво учество во таа одлука, како и дека нивната дискусија за Гоце Делчев со бугарските колеги продолжува понатаму.

Тоа е политичка одлука на владите на двете држави. Јас тоа го почитувам како добра волја на двете влади, тоа е нивна одлука, меѓутоа морам да кажам дека комисијата овде нема никакво учество во таа одлука и комисијата продолжува со дискусијата за Гоце Делчев, вели Ѓоргиев.

kurir.mk

Претходно

Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на училиште поради соученичка со даунов синдром

Следно

Најавена средба Рама – Блинкен во Вашингтон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian