Нови детали: Сопругата на парагвајски фудбалер била убиена од нарко картел поради одмазда

1 min read

Парагвај пред неколку дена го потресе трагедија, во претстрелка во ноќен клуб за време на концерт е убиена Кристина Вити Аранди, а се повредени уште пет лица.

Кристина беше сопруга на парагвајскиот фудбалер Иван Торес кој настапува за Олимпија, а првичната верзија за настанот беше дека таа била колатерална жртва, но во меѓувреме се појавија нови детали во истрагата кои навестуваат дека можеби станува збор за одмазда.

Кристина во моментите кога беше застрелана во главата, Кристина беше заедно со својот сопруг и тоа во ВИП делот од салата каде обезбедувањето било големо, па парагвајските медиуми гои покренаа прашањето како можеше да дојде до вооружена пресметка во тој дел од салата.

Според одредени медиуми во Парагвај, убиството било дел од план за одмазда на наркомафијата во земјата. Имено, таткото на несреќната Кристина е еден од инспекторите во локалната полиција задолжен за фаќање на трговците со дрога, а во моментот на убиството во тек била истрага која се води против еден нарко картел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сајмон Кауел завршил во болница: Повторно паднал од електричен велосипед

Следно

Најмногу згрешив со Законот за абортус, вели Никола Тодоров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian