Николоски: Ние имаме резерви за „Отворен Балкан“, а ДУИ ја поддржува иницијативата

1 min read

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вечерашното гостување на ТВ21 рече дека ВМРО-ДПМНЕ има резерви за „Отворен Балкан“, додека во исто време, ДУИ ја поддржува иницијативата.

„Секогаш кога му паѓа на ДУИ рејтингот, одат кон национализам, кон теми како Косово, Албанија… Секогаш кога сакаат да се додворат, на пример на меѓународната заедница, зборуваат дека проектот „Отворен Балкан“ е добар, а Косово е против тој договор“, вели Николоски.

Тој ги прашува челниците на ДУИ каде е границата меѓу Србија и Албанија, и на кој граничен премин меѓу Србија и Албанија нема да има застој со проектот „Отворен Балкан“?

„Малку е парадоксално ВМРО-ДПМНЕ да има резерви кон „Отворен Балкан“, а ДУИ да е за“, додаде Николоски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Српското обвинителство потврди: Ѓоковиќ не ги лажирал ПЦР тестовите

Следно

УХМР со најава: Утре променливо облачно време со сончеви периоди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian