Најавена средба Рама – Блинкен во Вашингтон

1 min read

Во средината на месецов албанскиот премиер Еди Рама ќе учествува на состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, а потоа ќе отпатува во Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тоа ќе биде втора средба меѓу Рама и Блинкен, по онаа од 13 јуни 2021 година во Брисел, каде што САД и Албанија потпишаа меморандум за 4Г и 5Г безбедност.

Средба помеѓу Рама и Блинкен е во време кога поранешниот албански премиер Сали Бериша ја засили антиамериканската реторика откако беше прогласен за „персона нон грата”. Бериша и поднесе тужба против Блинкен во судот во Париз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоргиев: Комисијата нема никакво учество во одлуката на владата да се слави раѓањето на Делчев со Бугарија

Следно

Бајден одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian